| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов им го укинал бесплатното паркирање на вработените во Град Скопје

Градоначалникот Петре Шилегов им го укина бесплатното паркирање на вработените во Град Скопје, објави САКАМДАКАЖАМ.

Како што наведува порталот, на улицата пред бараките на Градското собрание, иако е воведено зонско паркирање, административците не плаќале. Првин кога било воведено зонското паркирање пред бараките им биле дадени бесплатни налепници, но потоа налепниците не им биле продолжени, туку секој си паркирал слободно бидејќи контролорите на ЈП „Градски паркинг“ не ги казнувале оти им било речено дека паркингот за вработените треба да биде бесплатен. Освен на улицата пред бараките, вработените бесплатно се паркирале и на паркингот кај Зоолошката градина, каде исто така има зонско паркирање.

Вчера контролори на ЈП „Градски паркинг“ ги казнувале вработените кои немале платено за паркирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top