| четврток, 6 декември 2018 |

Американци, Руси, Кинези, Британци, Корејци… Сите го прислушувале телефонот на Меркел!

23102013201320_меркел на телефон

Мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел не го прислушкувале само американските тајни служби туку и разузнавачките агенции на Русија, Кина, Северна Кореја и Велика Британија, тврди германскиот неделник Фокус.

Објектот за прислушкување бил еден од канцелариските мобилни телефони кој нема систем за криптозаштита, пишува весникот повикувајќи се на неименувано официјално лице од германските безбедносни служби.

Според неговите зборови, зградата на федералната канцеларка во центарот на Берлин била со огромно пространство без никакви пречки, идеално за пресретнување сигнали на мобилни телефони.

Весникот исто така тврди дека странските тајни служби минатата година се обиделе да врбуваат повеќе од 100 германски политичари, чиновници, воени лица, научници и бизнисмени како свои кодоши. Особено биле активни руските агенти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top