Најмалку пет странски служби го прислушувале мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел, објави германскиот магазин Фокус. Според неименуван извор разговорите и ги слушале САД, Кина, Русија, Северна Кореја и Велика Британија.
Само минатата година имало најмалку 100 случаи во кои странските служби се обиделе да ангажираат германски политичари, службеници, војни лица, менаџери и научници како доушници.Како одговор, германските обавештајци планираат да ги зајакнат своите можности за следење, што дополнително би ги затегнало односите со САД. И натаму стојат сомнежите дека руската и британската амбасада во Берлин учествуваат во електронското прислушување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


