Резервниот голман на Металург, Раде Мијатовиќ, брани феноменално во второто полувреме од дербито со Вардар и за само 15 минути нанижа дури 9 одбрани.
Тој го замени на голот нерапсолоѓениот Дарко Станиќ, а потегот Мијатовиќ да брани во продолжението засега се покажува како џек-пот за Металург. Тимот од Автокоманда со серија од 8-1 во продолжението води со 5 гола разлика 18-13. Мијатовиќ е како октопод со сто раце и тој е човекот за пресврт во мега-дербито на шестата рунда во Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


