| четврток, 6 декември 2018 |

Порака од навивачите за Самсоненко: Светски човек за европски клуб, повели во ФК Вардар

Навивачите на Вардар испратија нова порака до спонзорот на машкиот и женскиот ракометен клуб, Сергеј Самсоненко, истакнувајќи транспарент во салата „Борис Трајковски“ на кој пишуваше: „Светски човек за европски клуб, повели во ФК Вардар“.

Јасна е желбата на навивачите на Вардар, рускиот бизнисмен да го превземе и фудбалскиот клуб и да направи трилинг во „црвено-црното семејство“ под негова команда, во кој покрај РК и ЖРК Вардар, би бил и најтрофејниот фудбалски клуб Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top