| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар европски, насмеани хостеси за добредојде во салата „Борис Трајковски“

Одлична организација на европско ниво како што доликува на мега-ракометно дерби меѓу Вардар и Металург има пред и во салата „Борис Трајковски“. Капацитетот на најголемата македонска арена во затворен простор, е околу 7 илјади гледачи, а влегувањето во салата е одлично организирано. Доминираат домашните навивачи, популарните „Комити“, што е разбирливо со оглед на фактот дека Вардар го организира натпреварот.

За добредојде се грижат хостесите што само му дава доплнителен шмек на мечот што е прогласен од ЕХФ за дерби на шестата рунда во Лигата на шампионите.

И Вардар и Металург имаат по 6 бода во Ц групата и имаат реални шанси да се пласираат меѓу четирите најдобри екипи, што гарантира настап во Топ-16 фазата. Натпреварот ќе почне за десетина минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top