| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските корнишони во медиумите во регионот

kornisoniБројни медиуми од регионот пренесуваа за скандалот со краставиците прскани со енормно многу пестициди, чиј производител е фирмата „Еко Оранжерии Анска река“ од Валандово, а извозник е фирмата „Трго Продукт“ од село Дабиле Струмица, и двете во сопственост на членови на фамилијата Заеви.

Македонските краставици полни со пестициди, „Македонците пратија во Хрватска краставици преполни со пестициди“, „Македонските краставици полни со пестициди, компаните казнети“. Ова се само дел од насловите на српските и хрватските медиуми кои ја пренесоа веста за пратката од 35 тони корнишони, кои според сите испитувања биле со вишок пестициди.

Хрватското министерство за земјоделство ја забрани продажбата на македонски краставици, бидејќи имале 10 пати повеке пестициди од дозволеното. Македонската инспекција ги казни со едногодишна забрана за работа и парични казни компаниите од Струмица и Валандово поради извозот на повеќе од 35 тони краставици полни со пестициди. Проблемот со македонските краставици настана откако извозниците не почекале седум дена по прскањето со пестициди, туку краставиците веднаш ги обрале и ги пратиле во Хрватска, пишува хрватски Тпортал.

Дел од другите медиуми пренесуваат дека хрватското Министерство за земјоделство ја забранило продажбата на македонските корнишони, бидејќи тие во себе имале 10 пати повеќе пестицид хлорпирифос.

Канал 5 неодамна пренесе пишувања на хрватски медиуми, според кои хемиското соединение хлорпирифос што го има во одредени пестициди предизвикува пречки во физичкиот и менталниот развој на децата, покажале најновите студии на научниците.

Согласно  прописите на ЕУ и  Светската здравствена организација , максималниот прифатливо ниво за дневен внес само во краставици е  0,05 милиграми / кг,  а постои регулатива за секој земјоделски производ.

Повеќе на Курир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top