Триесетидве годишниот Србин Даниел Дугиќ е меѓу најбараните 13 криминалци кои се кријат во Шпанија. Тој е обвинет за шверц на дури 225 килограми кокаин во Велика Британија, а вредноста на кокаинот изнесува 65 милиони евра. Личните податоци на Дугиќ, со негова фотографија се објавени во сите медиуми во Шпанија, бидејќи се спроведува интензивна акција на локалните и безбедносни служби во Велика Британија, кои работат на лоцирање и приведување на како што ги нарекоа „13-те несреќни“.
На листата 13-те несреќни се наоѓаат лица кои се теретат за тешки злосторства, помеѓу останатото за педофилија, убиства, кражби и измами.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.