Снегот кој што беше најавен во претходните денови веќе го имаме на поголем дел од нашите планини. На поголемите надморски височини снег имаше уште пред неколку дена, а веќе од минатата вечер врнежите од снег се спуштија на височина од 1700 метри. Информациите со кои засега располага МЕТЕОПРО велат дека досега има 10 сантиметри снег на Попва Шапка, околу 5 сантиметри на Пониква и на Бистра. Неофицијално, снег има и на надморска височина над 1800 метри на планинскиот масив на Караџица, а во моментов на истиот планински масив на височина од 1400 метри имаме врнежи од дожд. Снег паѓа во моментов и во Лазарополе.
Повеќе за врнежите од снег на Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.