
Снег со слаб интензитет врне на Попова Шапка, а во поголемиот дел од државата врне дожд.
Според информациите од Македонија пат сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во републиката се одвива по влажни коловози, без забрани, застои и ограничувања.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.
Дежурните екипи на ЈП македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.
За сите подетални информации за состојбата на патиштата посетете ја веб страната на Македонија пат или јавете се на тел. 02/25 61 502.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


