Постапките на Зоран Заев не само што се копија на постапките на Бранко Црвенкувски, туку и ги надминуваат. Зоран Заев има страв од избори, а неговиот страв од пораз го лекува со надуени, но празни балон предлози и лажни ветувања, се вели во рекацијата на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ Зоран Заев во Прилеп на која вети изградба на автопатишта, гасификација и бизнис инкубатори.
– СДСМ заборава дека граѓаните најлесно можат да оценат кога некој ги лаже и да проценат што е реално, а што е фикција. Во еден ден паушално да истресете од ракав ветувања за реализација на проекти кои би чинеле над три милјарди евра значи дека или не се разбирате од основните параметри и начини на реализација на крупни капитални проекти или дека дрско и безобразно лажете со цел да извлечете политичка корист за себе, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Сите предлози и лажни ветувања вклучително и овие денеска што Заев, Шеќеринска и СДСМ ги ветуваат, се додава, се предлози за кои тие не понудија ниту финансиска конструкција, ниту начин на реализација, ниту рокови на исполнување.
– Очигледно е дека СДСМ набрзина напишале список на работи за кои мислат дека граѓаните сакаат да ги слушнат, но не напишале како ќе го направат тоа и како ќе обезбедат толку многу средства, се нагласува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.