| четврток, 6 декември 2018 |

Група тинејџери ограбуваат во Градски парк

gradski park

Група од тројца 18-годишници ограбуваат граѓани во Градскиот парк во Скопје, јавува МВР. При нивниот последен грабеж на едно 16-годишно момче, полицијата ги фатила.

Според МВР, вчера околу 09,40 часот, во Градскиот парк во Скопје, во близина на школката, од страна на три непознати лица е извршено разбојништво над Т.Б. (16) од Скопје. Разбојништвото е извршено на тој начин што лицата му пришле на Т.Б. и со вербална закана, заканувајќи му се дека ке го избодат со нож, од него одзеле мобилен телефон марка “HTC“ по што заминале. По пријава за настанот, од страна на СВР-Скопје се преземени мерки и активности и во непосредна близина се фатени сторителите на кривичното дело С.Б. (18), А.Б. (18) и Ф.О. (18). По целосно документирање на случајот, СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против тројцата сторители за сторено кривично дело разбојништво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top