| четврток, 6 декември 2018 |

Ванчо Димовски: В недела ќе играме машки и пожртвувано

Факт е дека на минатиот меч одигравме катастрофално лошо во секој сегмент од играта. Вардар го искористи тоа и заслужено славеше. Но не се сведува сѐ на тој натпревар, бидејќи уште имаме простор за играње и за надигрување. В недела ќе се потрудиме, прво заради себе, а потоа и заради многубројната публика што замина разочарана по тој натпревар, да одиграме на наше ниво, машки и пожртвувано и да докажеме дека Металург може и знае да се бори, изјави Ванчо Димовски, пикерот на Металург за „Нова Македонија“.

Ракометарите на Вардар и на Металург задутре во 18 часот во преполната сала „Борис Трајковски “ во Скопје ќе го играат реванш дерби-мечот од 6. коло од Лигата на шампионите (ЛШ). Во првата средба Вардар победи со 27-22.

– Пад во играта и во концентрацијата може да му се случи на секој, па затоа деновиве максимално работиме на отстранување на сите аномалии од првиот дуел и враќање на мотивот и на концентрацијата во екипата – изјави Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top