Претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, доцна синоќа од Виена е екстрадиран во Скопје и веднаш е пренесен во истражниот затвор во Шутка, каде што издржува мерка притвор од 30 дена, која истражен судија му ја одреди во отсуство.
Австриските власти пред десетина дена го одобрија барањето за екстрадиција на Шиповиќ, кој е првоосомничен во случајот за финансиски криминал во фирмата „Машинопромет“.
Претседателот на Советот на Општина Центар беше уапсен на аеродромот во Виена на 15 октомври, на враќање од САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.