Претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, кој беше обвинет за криминал во „Машинопромет“, со одлука на претседателот на судскиот совет што го води предметот „Претседавач“ е пуштен во домашен притвор. Во домашен притвор се пуштени и тројца други обвинети, В.Д., С.Г., С.Т. и Н.Ш.
Како причина за замената притвор со домашен притвор, се наведува фактот дека обвинетите досега не се осудувани, не се води друга постапка против нив, а воедно покажале и примерно однесување во текот на досегашната постапка. Следното рочиште е закажано за 27 мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.