Одговорните во Лос Анџелес Лејкерс му дадоа дозвола на Коби Брајант за да се врати на теренот по повредата за која „Мамбата“ вели дека е задоволен од брзината на заздравувањето на неговата нога.
„Пријатно сум изненаден од брзината на опоравувањето. Тренирам со екипата, меѓутоа тоа не е како излегувањето на паркетот за официјален натпревар на тимот“, наведува Брајант.
„Треба да одам чекор по чекор, ден по ден. Засега е добро“, додава Коби во интервјуто за северноамериканските медиуми.
Тој не настапил за својот состав од април поради поради проблеми со „Ахиловата тетива“, а екипата од Градот на ангелите в моментов е на 11-то место во вкупниот поредок на НБА лигата, со ефект од пет победи и седум порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


