Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Белгија, Гордана Јанкуловска и Жоел Милке, денеска во Брисел потпишаа договор за продлабочување на соработката во борбата против организираниот криминал, посебно во делот на недозволена трговија на дрога, шверцување мигранти и компјутерски криминал.
Со договорот кој е потпишан меѓу македонската влада и белгиската влада, двете министерки се обврзаа во иднина преку навремена размена на информации и формирање заеднички истражни тимови да ја засилат полициската соработка меѓу двете земји, со можност во иднина и за признавање на македонските возачки дозволи во Кралството Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


