| четврток, 6 декември 2018 |

Опра: Расистите мора да исчезнат

Една од најбогатите жени на светот, водителката Опра Винфри изјави дека расизмот сѐ уште е голем проблем и дека единственото решение тоа да се искорени е да изумрат генерациите расисти.

Опра Винфри за „Би-Би-Си“ рече дека многу генерации се задоени со расизам, дури и американскиот претседател Барак Обама го гледаат со непочитување токму поради бојата на кожата. За да го докаже тоа, таа за пример го даде инцидентот од 2009 година кога републиканецот Џо Вилсон го нарече Обама лажго.

– Сѐ додека луѓето се осудуваат поради расната основа, проблемот нема да биде решен. Да бев родена само пет години порано, многу би било можно да немав ништо од ова што го имам денеска – изјви Опра.

Опра, исто така, изјави дека е многу задоволна поради улогата во филмот за Афроамериканецот кој 30 години поминал служејќи им на претседателите во Белата куќа бидејќи луѓето мора да знаат дека се случувале такви работи.

– Мислам дека тоа е една приказна која мора да им биде кажана на јавноста, а поготово на младите кои не се запознаени со историјата – додаде Опра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top