Богатството на Опра Винфри е проценето на 2,8 милијарди долари, а таа не штеди кога се нејзините сакани во прашање. Кога таа во 2010 година дознала дека има полусестра и дека нејзиниот сон е да дипломира на факултет, Винфри презела чекори за тој сон да и го направи јаве.
Таа на својата полусестра Патриша Лофтон и купи куќа од половина милион долари во Висконсин и секој месец и давала одредена сума пари за да може да ја напушти работата и да ги заврши студиите.
Патриша (53) конечно дипломирала, а Опра (64) била со неа на универзитетот во Висконсин за да и даде поддршка. Таа објави и фотографија од церемонијата на Инстаграм.
– Мојата сестра, која откри дека е дел од нашето семејство пред 6 години, имаше еден голем сон кога ја сретнав. Да оди на колеџ и да дипломира. Денес тој сон и се оствари. Честитки моја мала сестричке, напиша Опра во описот на фотографијата.
Опра и Патриша имаат иста мајка Вернита Ли, која исто така живее во Висконсин. Вернита Ли била немажена тинејџерка кога ја родила Опра во 1956, до одредена возраст ја чувала, а потоа ја испратила да живее со нејзиниот биолошки татко. Патриша била родена во 1963 година и веднаш била дадена на посвојување. Двете сестри дознале се во роднинска врска во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.