| четврток, 6 декември 2018 |

Евертон бара 20 милиони фунти за Бејнс

Желбата на тренерот Дејвид Мојес за време на летниот преоден рок беше да ги донесе во Манчестер јунајтед фудбалерите Лејтон Бејнс и Маруан Фелаини, кои играат во Евертон.

Мојес успеа да го донесе на „Олд трафорд“ само Белгиецот, а англискиот репрезентативец остана на „Гудисон парк“.

Како што стојат работите, најверојатно Лејтон Бејнс во зимскиот преоден рок ќе премине во редовите на „црвените ѓаволи“ бидејќи од тимот на Ливерпул соопштија дека се подготвени да се откажат од еден од најдобрите играчи.

Со оглед дека Јунајтед претходно понуди 16 милиони евра, најверојатно клубовите ќе најдат заеднички јазик, па така 29-годишниот бек од јануари ќе трча по левата страна во дресот на Манчестер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top