| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателка на кочанскиот лекарски синдикат си присвоила 2.000 евра од членарината

doktor mito

ПС Кочани поднесе кривична пријава против С.Е.(52) од Кочани, претседател на синдикалната организација на ССЗФСЗ при ЈЗУ Општа болница-Кочани за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Во периодот од септември 2012 година до септември 2013 година, пријавената во неколку наврати од синдикалната сметка префрлала парични средства на трансакциски сметки на нејзиниот сопруг, син и уште едно лице, кои не биле вработени во болницата, а потоа вака префрлените пари ги подигала од банкомат и ги присвоила. Исто така, пријавената по основ на материјални трошоци присвојувала парични средства изработувајќи фиктивни документи како да давала заем на вработени, а ги задржувала за себе. На овој начин пријавената се стекнала со противправна имотна корист од 113.630 денари на штета на синдикалната организација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top