Словенечкиот министер за економија Станко Степишник поднесе оставка на функцијата поради скандалот со доделувањето државни субвенции на фирмата „ЕМО Ороѓарна“ во која е косопственик.
Неговата оставка побараа трите коалициски партнери во кабинетот на премиерката Аленка Братушек, откако беше обелоденето дека „ЕМО Ороѓарна“ од Целје добивала средства на конкурси што ги распишувало Министерството за економија.
Степишник е член на партијата Позитивна Словенија на Братушек, но важи за човек близок до „фракцијата“ на поранешниот претседател и основач на партијата, градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ.
Во меѓувреме, Парламентот не ја прифати интерпелацијата за министерот за финансии Урош Чуфер, со што тој останува на функцијата. Интерпелацијата ја поднесе опозициската Словенечка демократска партија, која тврди дека Чуфер дозволил издавање на повеќе од една милијарда евра државни гаранции за т.н. контролирана ликвидација на две помали приватни банки – „Пробанка“ и „Фактор банка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонското сценарио и во Словенија: Јанша го врати мандатот, не може да состави влада
-
Уште сме на почетокот: Проблемите во економијата ќе продолжат да се продлабочуваат
-
Снег паѓа во Словенија (видео)
-
Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе


