| четврток, 6 декември 2018 |

Мерките на владата поразителни: Лелеци во текстилната и кожарската индустрија која вработува 40.000 луѓе

Во вечерашната емисија Топ Тема на телевизија Телма гостуваа актуелниот вице премиер Кочо Анѓушев и поранешниот министер за финансии Трајко Славески. Имено во емисијата се зборуваше за економија и за поразителните политики кои ги води владата на Република Македонија која доживеа дебакл на економски план после сите очекувања од огромен раст во првиот квартал од 2018 година.

Таа според податоците од Државниот завод за статистика растот на БДП изнесува катастрофални 0,1 што е најлош во регионот и Европа. Исто така поранешниот министер за финансии Трајко Славески ги коментираше мерките на актуелната влада посебно во кожарската и текстилната идустрија за пораст на минималната плата и ги окарактеризира како неуспешни поради фактот дека не донесоа никакви конкретни позитивни резултати.

– Концептот за растот на платите промовиран од министерот Тевдовси доживеја крах истакна Славески .
Поранешниот министер и професор објасни дека со покачувањето на минималната плата се предизвика притисок на повисоките плати и дека веќе има жалби од оваа мерка од повеќето стопанственици.

– Лелелците во текстилната и кожарската индустрија која вработува повеќе д 40.000 луѓе докажуваат дека целиот концепт доживеа неуспех.

Трајко Славевски кажа дека владата не донесе добри закони и тие се покажаа дека не функционираат во пракса. Целокупната економска политика не е добро обмислена и затоа Македонија доживеа катастрофални економски резултати во првиот квартал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top