| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко Стефановски и Горан Бреговиќ по 20 години повторно заедно на сцена

По долги 20 години балканските музичари Влатко Стефановски и Горан Бреговиќ ќе настапат на концерт во Сараево.

Големиот концерт е во организација на Фондацијата „Горица – Горан Бреговиќ“.

-Со Брега последен пат се сретнавме на концеротот на Џибони во Белград. Пред неколку дена ми предложи да настапам на концертот во салата „Зетра“ за заедно да отсвириме нешто – изјави Стефановски. Пред точно 20 години ние работевме заедно, ја прифатив понудата бидејќи го ценам како некој што направил многу за балканската рок-сцена – додаде Стефановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top