Циклонот Клеопатра, по ударот на италијанскиот остров Сардинија, пристигна до Грција, носејќи со себе силен урагански ветар, кој предизвика помали штети во многу реони на земјата, jaвија грчките медиуми.
Поројни дождови во утринските часови паднаа во областа Атика, на која и припаѓа и грчкиотглавен град Атина, предизвикувајќи хаос во сообраќајот. Поради поплавите беа затворени делници од главни улици, подвозници и мостови во Атина. Движењето по нив подоцна беше обновено.
Синооптичарите за денеска предупредуваат дека Грција треба да очекува силен урагански ветар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.