| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ и Јелена ќе прават свадба во јануари

Новак Ѓоковиќ и неговата вереница Јелена Ристиќ би требало да се венчаат во Црна Гора на Свети Стефан.

Венчавката најверојатно ќе се одржи на крајот од јануари или пак на почетокот на февруари, кога Ѓоковиќ има пауза од сите тениски обврски.

– Новак и Јелена сеуште не одлучиле каде ќе биде одржана венчавката. Црна Гора е една од опциите, но сеуште размислуваат – велат од тимот на Ѓоковиќ.

Според пишувањата на медиумите, двојката најверојатно ќе ја венча црногорскиот митрополит Амфилохие, кој е близок пријател со таткото на српскиот тенисер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top