| четврток, 6 декември 2018 |

Франција повторно со помош на судиите патува на СП

Репрезентацијата на Франција се пласираше на светското првенство во Бразил по победата над Украина на домашен терен од 3-0. Во првиот натпревар Украина победи со 2-0, но тоа не беше доволно за историски успех.

Резултатот што го сонуваа „петлите“ пред натпреварот го остварија. Поведоа преку Сако во 22 минута. Предноста на Украинците беше анулирана во 34 минута преку Бензема кој беше во очигледна офсајд позиција. Украинците не успеаа да се соземат од „кражбата“ на судијата Дамир Скомина, кој со дополнително престрого досудениот црвен картон на Качериди ги сруши сите надежи на Украинците. Конечниот резултат од 3-0 кој ги води „триколорите“ на светското првенство го постави Гусев со автогол во 74 минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top