„Широката дисеминација на критики, коментари и изјави, насочени кон судиите, судовите и судскиот систем во целина, особено засилени по соопштението до јавноста, кое потоа е демантирано од Основниот суд Скопје 1 се неприфатливи“, реагираат од Здружението на судиите на Република Македонија.
Здружението на судиите истакнува дека вокабуларот на обраќањето, односно изјавите на новинарите, аналитичарите и колумнистите во пишаните и електронски медиуми, главно дадени по 24 октомври, се навредливи за судиите, судовите и системот на правдата и негативно влијае врз судството, ја еродира јавната перцепција за достоинството и интегритетот на судот, и го слабее спроведувањето на правдата и правната држава.
Здружението на судиите истакнува дека ценејќи го правото на слободно информирање, прифаќа право на критички коментари на судски одлуки, но не ги прифаќа оние што се дизајнирани да го нападнат интегритетот и достоинството на судиите и целокупното судство и ги преминуваат границите на одговорно новинарство.
„Медиумите и јавноста имаат целосно право да не се согласуваат со одлуките, но, тоа не го оправдува критицизмот кон целото судство и судски систем“, велат од таму.
Како што наведува здружението, се надева дека во иднина ќе оставари покоопреативна соработка со новинарската фела, преку која ќе се промовира почит и разбирање за улогата на новинарите во слободното информирање, како и на судството во функционирањето на правната држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.