Вкупно 166 артефакти недостигаат од Музејот на Македонија, јавува „Press24“ повикувајќи се на полициски извори.
По доставањето на финалната верзија од списокот со артефакти кои недостигаат, полицијата утвrдила дека станува збор за 166 предмети од непроценливо значање. Ова е двојно повеќе од она што беше објавено минатата недела.
Пред десетина дена, кустоси пријавија дека во музејот недостасуваат вредни артефакти. Полицијата утврди дека нема трага на провала, па сомнежите се дека станува збор за некој вработен во музејот. МВР води истрага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.