Дефанзивецот на Наполи Паоло Канаваро нема да ги засили редовите на римски Лацио, потврди неговиот агент.
Италијанските медиуми минатата недела пишуваа дека Канаваро е незадоволен со статусот во Наполи и дека сака да ја промени средината, но тоа сигурно нема да биде Рим.
– Не преговараме со Лацио. Дали Канаваро ќе остане во Наполи? Ќе видиме, се трудиме да се договориме, но не зависи само од нас – рече Фурио Фиделе за италијанските медиуми.
Канаваро во 2006 година од Парма дојде во Наполи, за кого досега одигра 226 натпревари и постигна седум гола. Но од доаѓањето на Рафа Бенитез, Канаваро го загуби статусот првотимец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.