| четврток, 6 декември 2018 |

Невреме ја остави Канада без струја

high-winds-tree-downed-car-bedford-crescentСилни ветрови ги зафатија јужните делови на канадските провинции Онтарио и Квебек, оставајќи без електрична енергија околу 150.000 домаќинства.
Најголеми се штетите во Торонто, а тешко погодени се и Виндзор и Монтреал.
Ветерот достигнувал брзина од 106 километри на час, корнејќи дрвја, уривајќи покриви и значително оштетувајќи ја електричната мрежа.
Невремето дојде од САД, каде при удар на торнадо и поројни дождови во сојузната држава Илионис во неделата загинаа шест лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top