| четврток, 6 декември 2018 |

Виртуелно место реално

Пишува:
Огнен Спасовски
Доцент на Институтот за психологија
Филозовски факултет во Скопје

 

ognen-spasovski-kol-01По­сто­јат по­ве­ќе при­чи­ни за оту­ѓу­ва­ње­то на де­ца­та во све­тот на ви­де­о­и­гри­те. Ед­на од нив про­из­ле­гу­ва од на­чи­нот на кој се од­ви­ва обра­зо­ва­ни­е­то, кое не овоз­мо­жу­ва де­ца­та да ги за­до­во­лат сво­и­те ос­нов­ни пси­хо­ло­шки по­тре­би за по­вр­зу­ва­ње со ли­ца што ќе ни би­дат бли­ски и важ­ни, за авто­но­ми­ја во до­не­су­ва­ње­то на од­лу­ки­те, за лич­на ре­а­ли­за­ци­ја низ ефи­кас­на вр­ска со сре­ди­на­та. Си­те тие се вро­де­ни и глав­ни пси­хо­ло­шки мо­ти­ва­то­ри на на­ше­то од­не­су­ва­ње. Ка­ра­кте­ри­стич­но за си­те лу­ѓе, на си­те во­зра­сти, е што има­ат по­тре­ба да ста­пу­ва­ат во вр­ска со сре­ди­на­та, да дејс­тву­ва­ат врз неа и при­тоа да се чув­ству­ва­ат ефи­кас­ни и ко­рис­ни.

На­чи­нот на кој се од­ви­ва обра­зо­ва­ни­е­то во гло­бал­ни рам­ки не им овоз­мо­жу­ва на де­ца­та да ста­пат во автен­тич­на фи­зич­ка вр­ска со сре­ди­на­та, да мо­жат да вли­ја­ат на неа и да ја ме­ну­ва­ат под дејс­тво на ка­па­ци­те­ти­те на сопс­тве­но­то те­ло и ум. Не им овоз­мо­жу­ва си­ту­а­ции во кои ќе се по­чув­ству­ва­ат ве­шти и спо­соб­ни. На­про­тив, обра­зов­ни­от про­цес ба­ра кон­тро­ла на им­пул­си­те, ба­ра кон­тро­ла на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та на при­род­но­то во де­ца­та. Ко­га е по­и­на­ку, то­гаш, обич­но, слу­ша­ме за проб­лем со дис­цип­ли­на­та.

Но, спо­ме­на­ти­те по­тре­би се при­род­ни, а при­род­ни­те ме­ха­низ­ми се­ко­гаш ќе нај­дат на­чин да се ре­а­ли­зи­ра­ат, без да „зна­ат“ да­ли пос­ле­ди­ци­те ни се до­па­ѓа­ат или не. Во со­вре­ме­ни­от на­чин на жи­ве­е­ње, ток­му све­тот на ви­де­о­и­гри­те им овоз­мо­жу­ва на де­ца­та да ги ре­а­ли­зи­ра­ат овие по­тре­би (а при­тоа, на ро­ди­те­ли­те им е овоз­мо­же­но ко­мот­но да по­ми­нат не­кол­ку ча­со­ви пред те­ле­ви­зор). Во тој свет без огра­ни­чу­ва­ња, на де­ца­та им е овоз­мо­же­но да ја из­жи­ве­ат по­тре­ба­та со сопс­тве­на­та ак­ци­ја, да про­из­ве­дат ефект врз сре­ди­на­та, да пре­диз­ви­ка­ат про­ме­на, со еден по­тег да соз­да­дат или да уни­штат це­ли све­то­ви, да го спа­сат или уни­штат за­мис­ле­ни­от лик, кој оне­воз­мо­жил не­ко­ја нив­на жел­ба, да им воз­вра­тат на си­те со „иста ме­ра“. Од тие при­чи­ни, де­ца­та сѐ по­ве­ќе се оса­му­ва­ат и оту­ѓу­ва­ат во ва­кви­от уте­шен и ве­ту­вач­ки свет. Во­ед­но, стру­кту­ра­та на обра­зо­ва­ни­е­то е та­ква, што (од ево­лу­ци­ски при­чи­ни), уште по­мал­ку им од­го­ва­ра на мом­чи­ња­та, и нив­но­то оса­му­ва­ње и оту­ѓу­ва­ње во ви­де­о­и­гри­те е мно­гу по­и­зра­зе­но.

Ви­де­о­и­гри­те, не­сом­не­но, по­ма­га­ат во раз­ви­ва­ње­то на ви­зу­а­ли­за­ци­ја­та, на спо­соб­но­ста за сфа­ќа­ње на од­но­си­те во про­сто­рот, за ло­гич­ко ре­зо­ни­ра­ње итн. Но, кри­јат и мно­гу­број­ни опас­но­сти. Тие им овоз­мо­жу­ва­ат на де­ца­та со сопс­тве­но­то дејс­тву­ва­ње врз „сре­ди­на­та“ да се чув­ству­ва­ат ус­пеш­но. А, тоа пре­диз­ви­ку­ва чув­ство на за­до­волс­тво, низ еден био-пси­хо­ло­шки про­цес во кој се пот­тик­ну­ва зго­ле­ме­но про­из­водс­тво на до­па­мин во мо­зо­кот. До­па­мин е хор­мон што е од­го­во­рен во соз­да­ва­ње­то при­јат­но чув­ство, прос­ле­де­но со ди­рект­но сти­му­ли­ра­ње на цен­та­рот на за­до­волс­тво во мо­зо­кот. Ва­кво­то сти­му­ли­ра­ње на овој цен­тар со по­мош на ви­де­о­и­гри­те де­ца­та мо­жат да го са­мо­до­зи­ра­ат и да ста­ну­ва сѐ по­че­сто. Тоа до­ве­ду­ва до еден вид за­вис­ност, ко­ја не е по­и­на­ква од дру­ги­те ви­до­ви за­вис­но­сти. Кол­ку по­мал­ку ре­ал­ни­от свет им овоз­мо­жу­ва на де­ца­та за­до­во­лу­ва­ње на при­род­ни­те по­тре­би да би­дат ком­пе­тент­ни и авто­ном­ни во вр­ска­та со сре­ди­на­та, тол­ку ќе би­де по­и­зра­зе­на ком­пен­за­ци­ја­та на овие по­тре­би во ви­де­о­и­гри­те. До­пол­ни­тел­но, до­кол­ку се­којд­не­ви­е­то при­чи­ну­ва фру­стра­ции и не­га­тив­ни емо­ции, пси­ха­та при­род­но теж­нее да нај­де ме­ха­ни­зам со кој ќе ги ану­ли­ра пос­ле­ди­ци­те од нив. От­ту­ка, сла­тко­то и при­јат­но вла­де­е­ње­то во све­тот на ви­де­о­и­гри­те има ком­пен­за­тор­на функ­ци­ја за фру­стра­ци­и­те во ре­ал­ни­от свет. Но, на тој на­чин се зго­ле­му­ва и по­тре­ба­та од но­ва и но­ва до­за игри.

За жал, оту­ѓу­ва­ње­то во ви­де­о­и­гри­те има пос­ле­ди­ци и во од­не­су­ва­ње­то на де­ца­та. Не­до­вол­но се раз­ви­ва­ат са­мо­кон­тро­ла­та, истрај­но­ста, кон­цен­тра­ци­ја­та и то­ле­ран­ци­ја­та во ре­ал­ни­от свет во кој има ре­ал­ни лу­ѓе и об­вр­ски. Име­но, за раз­ли­ка од при­род­на­та сре­ди­на во ко­ја де­ца­та би се со­о­чу­ва­ле со раз­лич­ни жи­вот­ни си­ту­а­ции и проб­ле­ми низ кои ги раз­ви­ва­ат сво­и­те со­ци­јал­ни ве­шти­ни и емо­ци­о­нал­на­та ин­те­ли­ген­ци­ја, во све­тот на ви­де­о­и­гри­те, по ли­ни­ја на по­мал от­пор и со са­мо не­кол­ку кли­ка „ни­во­то на те­жи­на на сре­ди­на­та“ мо­же да се на­ме­сти и уре­ди по сопс­тве­на вол­ја. Оту­ѓу­ва­ње­то е прос­ле­де­но и со на­ма­ле­на со­ци­јал­на под­др­шка во кру­гот на врс­ни­ци­те од два­та по­ла, што ди­рект­но се одра­зу­ва со по­те­шко со­о­чу­ва­ње со конф­ликт­ни си­ту­а­ции, и за­че­сте­ни де­пре­сив­ни симп­то­ми. Имај­ќи го пред­вид ка­жа­но­то де­ка во по­стој­на­та обра­зов­на стру­кту­ра мом­чи­ња­та се по­ве­ќе фру­стри­ра­ни, не тре­ба да нѐ из­не­на­ди оса­му­ва­ње­то во уште ед­но моќ­но и уте­ши­тел­но при­бе­жи­ште – све­тот на пор­но­сај­то­ви­те.

(објавено во 6. број на неделникот „Република“, 12.10.2012)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top