| четврток, 6 декември 2018 |

Виктор Смилевски со подобро време од Маленко

Виктор Смилевски оствари фантастичен резултат на пливачкиот меѓународен митинг „13 Ноември“ што викендов се одржа во базенот „Борис Трајковски“, откако успеа да го урне кадетскиот рекорд на Александар Маленко во дисциплината 100 метри слободно

 

Смилевски го урна рекордот на Маленко

Младиот 16-годишен пливач ја мина делницата за време од 53,31 секунда, што е за 40 стотинки подобро од 18 години стариот рекорд на Маленко. Со ова време, Смилевски го освои второто место на митингот, зад Израелецот Зив Колонтаров.

Воедно, Виктор Смилевски ја потврди одличната форма со нов рекорд на 50 метри слободно, со што стана првиот кадет што ја испливал оваа делница под 24 секунди (23,95 секунди). И на оваа делница македонскиот кадет стигна до второто место во генералниот пласман, зад Колонтаров од Израел.

Извор:екипа.мк

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top