Поранешен младински репрезентативец на Германија, загинал на страната на бунтовниците во сириската војна. Бурак Каран, кариерата ја завршил во 2008 година, а играл за екипите на Баер Леверкузен, Херта, Хановер и Алеманија Ахен. Бил член на германските репрезентации до 15, 16 и 17 години, а меѓудругите соиграчи му биле Сами Кедира, Кевин-Принс Боатенг и Денис Аого. Кариерата ја завршил на 21-годишна возраст, откако и се приклучил на радикална исламистичка група.
Каран имал турско потекло, во октомври се појавил на снимка на „You Tube“ од Сирија, а „Билд“, во понеделникот пренесе дека тој загинал во сириската војна, во воздушен напад на владините трупи.
„Ми кажа дека не го интересираат кариерата и парите. Цело време на интернет бараше снимки од областите каде се војува и бараше начин како да им помогне и им испраќаше помош на браќата и сестрите“, ја пренесува „Билд“ изјавата на неговиот брат Мухамед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Уапсени седум мигранти за силување на тинејџерка во Германија


