| четврток, 6 декември 2018 |

Давид Бабунски: Фудбалот прави чуда

По победата на младинскиот фудбалски тим на Македонија, кој ја совлада екипата на Азербејџан со 1-0, официјалниот веб-сајт на УЕФА напиша статија за триото Бабунски.

Фудбалот прави чудесни работи, зар не? – рече постариот брат Давид Бабунски по завршувањето на натпреварот за квалификациите за настап на ЕП во Чешка за две години.

„Домаќините го добија натпреварот против Азербејџан со 1-0, но тоа не беше она што оваа средба ја направи толку специјална. Историјата е запишана во Скопје откако браќата Давид и Доријан се појавија заедно во поставата на тренерот, односно нивниот татко Бобан. Ова е првата татко-син комбинација во меѓународниот фудбал за оваа балканска нација“, пишува УЕФА.

Ние одигравме одличен меч и победивме. Пред неколку години, фудбалот беше причината поради која бевме раздвоени од фамилијата, а сега тоа е причинита да сме пак заедно, а тоа не прави многу среќни – вели Давид Бабунски.

Браќата Бабунски во изминатите години направија голем напредок во нивните кариери. Синовите на поранешниот македонски репрезентативец Бобан Бабуснки заедно играа во младинските тимови, прво за УДА Граменет, а потоа за УЕ Корнелиа. А во 2011 година тие тргнаа по различни патишта, Давид отиде во младинските редови на Барселона, додека пак неговиот брат Дориан кај нивните ривали Реал Мадрид. Во меѓувреме, Бобан се врати во Македонија за да ја почне тренерската кариера.

Кога ги повикав Давид и Доријан за натпреварите против Азербеџан и Норвешка, бев свесен дека преземам голем ризик, но на крајот бев задоволен со целиот тим, вклучувајќи ги и моите синови – објасни 45-годишниот Бабунски.

Во последно време, не бев во можност да ги следам сите нивни натпревари со нивните клубови, така што  пријатно бев изненаден од нивната игра против Азербејџан – додава гордиот татко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top