| четврток, 6 декември 2018 |

Интер ќе гради стадион

Новиот претседател на Интер, Ерик Тохир веќе разговарал со градоначалникот на Милано, Џулијано Писапи, околу изградбата на нов стадион

tohir inter

Индонезискиот бизнисмен неодамна официјално го презеде клубот од Масимо Морати, кој цели 18 години беше на функцијата прв човек на Интер.

– Тоа беше повеќе од срдечна средба во која разменивме мислења, прв чекор во дијалогот кој ќе продолжи. Можам да кажам дека имаме заеднички идеи за инвестициите – изјави градоначалникот Писапи.

Стадионот е во сопственост на градот, а направен е во 1926 година. Кога игра Милан името на стадионот е „Сан Сиро“.  Интер игра на овој стадион од 1947 година, а го нарекува „Џузепе Меаца“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top