| четврток, 6 декември 2018 |

Мајли Сајрус: Јас сум најголемата феминистка

Контроверзната пејачка Мајли Сајрус вели дека нејзиното однесување во спотовите и на настапите се совпаѓа со нејзината визија во која себеси се гледа како предводник на женската слобода.

На гостувањето на радиото „ББС“ Мајли, која често е цел на критиките на јавноста, изјави дека се чувствува како една од најголемите феминистки на светот.

– Да, така се чувствувам бидејќи секогаш им велам на жените дека не треба од ништо да се плашат. Моите комбинации на облекување, соблекување во спотовите и провокативното однесување на сцената се совпажаат со мојата визија во која се гледам како предводник на женската слобода – рече Мајли.

И покрај сугестиите, Мајли и понатаму не гледа ништо лошо во своето, како што многу го сметаат, вулгарно однесување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top