| четврток, 6 декември 2018 |

Мајли Сајрус со бизарна фотографија му честиташе роденден на Џастин Бибер

Некогаш беше симпатично момче кој споделуваше преработки од песните на Алиша Киз и Џастин Тимберлејк на својот канал на Јутјуб, а за името Џастин Бибер денес знае целиот свет. Тој денес вреди околу 200 милиони долари и сигурно е дека материјалните подароци не можат премногу да го воодушеват, но тоа што го стори Мајли би можело. Ако ништо друго, тогаш барем малку да го шокира.

џастинче

Не толку далечната 2008 година, снимките на Џастин Бибер ги видел Скутер Браун, неговиот денешен менаџер и го однел директно кај Ашер кој му станал ментор. Освен поради своите песни, на јавноста и стана интересен и поради врската со Селена Гомез, а по раскинувањето во медиумите се појавуваше почесто поради скандалите отколку поради музиката.

Џастин вчера наполни 22 години и додека му пристигнуваа голем број на подароци и честитки, на социјалните мрежи особено се издвои една и тоа од колешката Мајли Сајрус.

Таа му честитала со фотографија на Инстаграм од која тешко ќе го тргнете погледот.

мајли

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top