| четврток, 6 декември 2018 |

Ја откажаа свадбата по вторпат, причината му го скршила срцето

Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт по вторпат ја откажаа свршувачката. Според извори блиски до парот, односите меѓу нив се влошиле во последните неколку месеци и решиле конечно да прекинат поради ненадминливите разлики меѓу нив.

Актерот и пејачката се запознаа во 2009 година и првпат се верија во 2012та. Раскинаа една година подоцна. Тие повторно станаа двојка во 2016 година и брзо се свршија.

Причината за овој, наводно конечен раскин е тоа што Лиам е подготвен да се смири и да создаде семејство со Мајли, додека таа смета дека е премногу млада за деца и за таков животен стил.

  • Тој е скршен од болка – вели негов пријател.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top