На задоволство на филмофилите, славниот американски режисер, Вуди Ален, за прв пат во кариерата ќе им се посвети на малите керани.
Вуди ќе снима серија за Амазон, а главната улога во таа серија ќе и припадне на поп ѕвездата Мајли Сајрус.
Младата пејачката преку Инстаграм ги извести обожавателите за овој нов проект. Таа на својот профил споделила фотографија од портрет на Ален и напишала:„Максимално сум возбудена што ќе глумам во првата серија на Вуди Ален“.
Како што пренесува агенцијата Ројтерс, некогашната ѕвезда на Дизни во серијата чие дејство е сместено во 1960 година ќе глуми заедно со Вуди Ален.
Снимањето на серијата почнува во март, а нејзино прикажување се очекува кон крајот на оваа година. Серијата чиј назив се уште не е познат ќе има пет епизоди од половина час.
-Не знам како се најдов во се ова. Немам идеја и не сум сигурен од каде да почнам – изјавил режисерот веднаш по потпишување на договорот со Амазон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Проколната телевизиска серија: Во три месеци починаа два актери
-
Ја откажаа свадбата по вторпат, причината му го скршила срцето
-
Лошата Фикрие од „Нашата Дениз“ во приватноста е многу згодна!
-
Што стои зад препевот на познатата „Налеј Налеј“ за серијалот „Македонија“ и каква е поврзаноста на гемиџиите? (видео)