| четврток, 6 декември 2018 |

Прва победа за Фени Индустри по 7 одиграни кола

Поранешниот македонски шампион Фени Индустри ја остварија првата победа во првенството од Првата лига откако синоќа пред своите навивачи во Кавадарци во дуел од 7. коло го победија Пелистер Спорт со 94:88.

На другите натпревари кои се одиграа синоќа од оваа рунда Куманово на домашен терен го победи тимот на Карпош Соколи со 81:72, додека во СРЦ „Кале” во Скопје, Кожув ја постигна единствената гостинска победа и беше убедлив против Вардар Апаве со 81:59.
Во петокот во дербито Работнички ја совлада Лирија 87:71.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top