Ракометарките на Индира Кастратовиќ постигнаа брилијантна победа на гостувањето во Норвешка кај Ларвик со 31:29.
По израмнетото прво полувреме кое заврши 15:15, ЖРК Вардар во вториот дел изигра феноменално и го совладаа европскиот вицешампион.
Јованка Радичевиќ со 7 голови и голманката Ина Суслина со 14 одбрани беа најзаслужни за големиот триумф во Норвешка. Татјана Хмирова постигна 6 погодоци, Дембеле пет, додека Андреа Лекиќ и Билјана Црвенковска по три.
Со оваа победа, „вардарки” го освоија првото место во групата и што е уште поважно, покажаа дека овој тим поседува квалитет да стигне дури и до самата завршница и да го повтори успехот на Кометал Ѓорче Петров од 2002 година, кога македонскиот тим беше европски шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


