Ракометарките на Вардар, во Данска против Ларвик, ќе се борат за првото место во Д групата, во Лигата на шампиони.
Во пресрет на натпреварот двете екипи имаат по 9 бодови, Вардар има подобра гол разлика и се освен пораз ќе ги остави на водечката позиција во групата.
„Очекувам агресивна игра во одбраната, без штедење на силите и остварување на позитивен резултат. Фактот дека и двете екипи се веќе дел од следната фаза, говори дека ќе следиме натпревар со многу надигрување. Задоволна сум од здравствениот биланс на моите ракометарки, и очекувам добар натпревар против европскиот вицешампион”, изјави за клупската интернет страница тренерот на Вардар Индира Кастратовиќ.
Натпреварот помеѓу Ларвик и Вардар ќе започне во 19:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


