Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром попладнево во Задар го игра натпреварот од 8.коло од АБА лигата. По триумфот против Крка во претходното коло „металците“ ја прекинаа серијата од три порази по ред во ова натпреварување. Дуелот со Задар ќе има и посебно значење бидејќи капитенот на МЗТ Скопје, Тодор Гечевски неколку сезони успешно го носеше дресот на хрватската екипа.
Според најавите од таборот на тимот од Аеродром поради повреда дуелот ќе го пропушти плејмејкерот Никола Оташевиќ.
Лани на натпреварот во Задар, македонскиот шампион победи со 76:68.
Покрај натпреварот Задар – МЗТ Скопје Аеродром (почеток 17 часот), денеска се играат уште 3 натпревари:
Игокеа – Шолнок
Будуќност – Унион Олимпија
Крка – Цибона
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


