| четврток, 6 декември 2018 |

Изјавата на Нуланд за спорот со името сеуште интересна за грчките медиуми

Во Грција се уште е актуелна изјавата на американскиот помошник државен секретар за Европа, Викторија Нуланд дека „има две или повеќе формулации кои би требало да можат да бидат прифатливи“ за да се реши спорот за името.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, еден од последните коментари на оваа тема го обајви весникот „Елефтеротипија“ под наслов „Едно, две, три, многу Скопја“. Весникот потсетува дека Нулад беше амбасадор на САД во НАТО, кога поранешниот грчки премиер Костас Караманлис стави вето на влезот на Македонија во Алијансата.

– Белата куќа беше незадоволна од ваквиот развој на настаните затоа што беше доведена во заблуда, во голема мера, од проценките презентирани од страна на тогашниот државен секретар Даниел Фрид, кој дрско ја уценувал, па и преку некои грчки медиуми, грчката страна да прифати влез на Македонија во НАТО, коментира „Елефтеротипија“.

Повикувајќи се на дипломатски извори, весникот пишува дека „засега нема знаци за некакво придвижување на Американците за оваа тема во пресрет на самитот на НАТО во 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top