
Спасувачки служби трагаат по маж кој испаднал од врата на авион додека летал на височина од 610 метри. Како што соопшти американската телевизиска станица Си Би Ес Мајами, патникот паднал во океанот, а според верзијата на пилотот, човекот кој седел на седиштето до вратата неочекувано ја отворил и испаднал.
Не е познато колку луѓе имало во авионот кој по инцидентот слетал на аеродромот во Тамиами.
Истражните органи не исклучуваат можност да станува збор и за убиство. Веројатноста патникот да го преживее падот се минимални, соопштиле тамошните власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


