| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Велковски со еврогол го урна бункерот на Азербејџан

Талентираниот играч на Работнички Дарко Велковски со еврогол во 69. минута го урна бункерот на Азербејџан, за прва победа на младинската репрезентација на Македонија во квалификациите за настап на ЕП во Чешка за две години. Велковски кој влезе во вториот дел со вистинска бомба ја затресе мрежата на Садигли за минимален триумф од 1-0.

Можеше да биде и многу поубедливо во корист на Македонија, ако искористевме барем уште некоја од дузината шанси, особено во првото полувреме. Прекрасните асистенции на Давид Бабунски немаше кој да ги искористи, а напаѓачите не беа премногу расположени за погодок.

Во финишот гостите можеа да не казнат, но за среќа не успеаја да го најдат патот до мрежата на Столе Димитриевски. Македонија по поразот од Норвешка и ремито со Азербејџа во првите две кола на гостински терен, конечно ја забележа првата победа во осмата квалификациска група. Сега имаме 4 бода и меч со Норвешка за 4 дена исто така на „Филип втори“ арената во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top