Раскошен талент со шмек од Академијата на Барселона е Давид Бабунски, а тоа мошне умешно го презентира во првото полувреме од мечот против Азербејџан во дресот на младинската репрезентација на Македонија. Такви асистенции, техника, преглед на игра, одамна не сме виделе од наш играч, особено не од момче што има само 19 години.
Неколкупати ги проигра соиграчите како со рака, но изостана реализацијата од напаѓачите. За слаломот што играчот на Барселона Б го направи во 16. минута, кога со неколку финти ги нанижа противничките играчи не треба да се говори ништо, само треба да се погледне. Потези достојни за телевизиските шпици. Вистинска штета е што барем една од дузината асистенции на Давид Бабунски не беа реализирани во чисти ситуации за погодок.
Првиот дел заврши со резултат 0-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




