| четврток, 6 декември 2018 |

Нетпрес: Заеви стојат зад аферата со затруените краставици

Фирми на Заеви стојат зад производството и извозот на 35. тони краставици затруени со пестициди, кои хрватските власти ги запленија пред неколку дена, објави „Нетпрес“.

Наши извори велат дека краставиците во моментот кога биле берени содржеле пестицид и тоа во доза дури 5 пати над дозволените граници. Хемикалијата, пак, со која биле прскани, воопшто и не била наменета за овој вид зеленчук. Според информациите до кои дојдовме, производител на краставиците, прскани со енормно многу пестициди, е фирмата „Екооранжерии Анска Река“ од Валандово, а извозник е фирмата „Трго продукт“ од село Дабиле Струмица, и двете во сопственост на членови на фамилијата Заеви.

Според „Нетпрес“, производителот „Екооранжерии Анска Река“ од Валандово е во сопственост на а.д. „Еленица“, фабрика за градежни материјали, фирма попозната во јавноста како компанија чиј управител е Трајче Заев, прв братучед на Зоран Заев. Во Надзорниот одбор на „Еленица“, пак, е Катерина Бојовиќ-Заева, сестра на директорот Трајче Заев, а членови во Управниот одбор се Трајче Заев и Вице Заев, кој е брат на опозицискиот лидер Зоран Заев.

На страницата на „Википедија“ во биографијата на Зоран Заев пишува дека и тој своевремено бил член во оганите на управување на а.д. „Еленица“.

Исто така, фирмата „Тргопродукт“, којашто ги откупила загадените краставици и се обидела да ги извезе во Хрватска, е во сопственост на фамилијата Заеви. Од податоците впишани во Централниот регистер се гледа дека сопственици на оваа фирма се братучетката на Зоран Заев, Катерина Бојевиќ-Заева, и неговата стрина Убавка Заева, овластено лице, односно управител е братучедот на Зоран Заев, Бобан Заев.

Овие фирми, кои сопственички се поврзани со семејството Заеви, всушност, го прават кругот што преставува суштината на аферата која предизвика голема вознемиреност не само во Македонија, туку и во поширокиот регион.

.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top