Репортажа за туризмот, природните убавини и културно-историските знаменитости со кои располага Македонија се појави во најтиражниот дневен весник во Бразил „У глобу“ (О Globo).
Се чини дека Скопје, Охрид и останатите македонски градови оставиле голем впечаток на новинарката Фернанда Дутра од Рио де Жанеиро, која неодамна беше во посета на нашата земја.
– Историски и археолошки богатсва, хумани луѓе и мноштво природни убавини ја красат оваа земја, пишува меѓу другото Фернанда, која својата репортажа ја насловува „Со историја, архитектура и културни богатства, Македонија привлекува туристи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.